ЕХФ ја објави најдобрата седморка по првата фаза на Европското првенство 2020, информација која ги збесна Хрватите и нивниот селектор Лино Червар.
Во најдобрата седморка, според ЕХФ, нема место за ниту еден хрватски репрезентативец, но затоа тука се анонимците Андре Шмид и Кеј Смитс. Шмид игра на позиција среден бек во швајцарската репрезентација, како и Смитс, десниот бек на Холандија.
И двајцата со своите репрезентации се збогуваа од ЕП уште по првиор круг, а добија зачудувачки место во најдобрата седморка.
Хрватските медиуми не останаа имуни на овој избор, со оглед на тоа што ниту еден играч на Лино Червар не доби место во најдобрата екипа. Можеби најголемата бизарност на изборот е изборот за десно крило, на кое ЕХФ го избра Словенецот Блаж Јанц, кој нема некое позабележително првенство досега со просек од три гола по меч, успешност од околу 60% и само една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА