Македонија ремизираше (27-27) против Исланд и го освои третото место во групата, па во осминафиналето ќе игра против Норвешка. Селекторот Лино Червар вели дека на овој меч се покажа вистинскиот македонски карактер, иако имавме и пет гола негатива, на крајот успеавме да се вратиме. А имавме и пехови со повредите на Филип Миркуловски и на Дејан Манасков.
„Момците се заслужни за овој резултат. Беше тешко, напорно, имавме негатива, но токму во тие моменти се покажа вистинскиот македонски карактер. Им благодариме и на навивачите, на „Фалангата“ која не бодреше, и на сите Македонци кои не гледаат дома. Одете сега и напијте се едно пиво. Имавме и многу пехови, игравме без Миркуловски и без Манасков во завршницата, но успеавме да го оствариме посакуваниот резултат“, изјави селекторот Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА