Червар: Испративме голема порака, ракометот не е мртов!

Хрватска е прв финалист на Европското ракометно првенство, откако во трилер натпревар по две продолженија славеше над Норвешка со 29-28. Селекторот на репрезентацијата Лино Червар, вели дека неговите ракометари се најзаслужни за победата и дека поради вакви натпревари ракометот се уште е жив.

„Премногу сум под емоции и мислам дека сите заслуги и честитки треба да ги соберат ракометарите. Херојски натпревар, ретко виден. Не знам што да кажам 10 години не бевме во финалето. Ракометот не е мртов“, изјави Червар. 

Во големото финале Хрватска го чека подобриот од мечот меѓу Словенија и Шпанија.

Се вчитува...