Червар: Изненаден сум од одлуката на Хорват да оди во Металург, изгледа се дограбиле до некои пари

Креирајќи го тимот за новата ракометна сезона Металург денеска го официјализираше трансферот и на хрватскиот репрезентативец Златко Хорват.

Но, очигледно крајно шокиран од одлуката кариерата да ја продолжи во Загреб е хрватскиот селектор Лино Червар, кој од 2009 до 2017 година го водеше македонскиот тим.

„Да бидам искрено, многу ме изненади одлуката на Златко да оди во Металург. Но, очигледно во клубот влегол некој спонзор. Се дограбиле до пари и доведуваат и други некои ракометари. Очигледно и Хорват таму оди поради добра понуда, не гледам друга причина да се напушти ППД Загреб“ – вели Червар за хрватските медиуми.

Се вчитува...