Поранешниот македонски селектор Лино Червар ги анализираше групите пред стартот на најголемиот ракометен репрезентативен собир на Стариот континент.
Македонија денеска од 18 часот во Дизелдорф против една од најдобрите светски селекции Франција ги почнува настапите на Европското првенство 2024, а во групата е и заедно со домаќинот Германија и Швајцарија.
„Мора нештата да се се согледуваат реално. Македонија тешко може да се избори со Франција и Германија. Би било крајно некоректно да бараат од Лазаров да се помине првата фаза од натпреварувањето. Македонија евентуално може да се носи со Швајцарија, но да се мине оваа група е навистина невозможно“ – вели Червар.
Само двете првопласирани селекции од групите одат во следната фаза, а тоа и тоа како значи дека мисијата за останување подолго на Европското првенство за Македонија ќе биде исклучително тешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

