Червар: Македонија на ЕП играше одбрана која досега никој не ја играл

Легендарниот хрватски ракометен тренер и екс селектор Лино Червар, во опширно интервју ги коментираше случувањата околу Европското првенство во Данска и Шведска, на кое учествуваше и Македонија.

Македонската селекција испадна во групната фаза со три бода, откако загуби од Данска, потоа одигра нерешено со Португалија, а ја победи Романија со гол во последната секунда.

„Мојата книга добро ја прочитал и Лазаров. И со еден одличен играч како Кузмановски кој беше кај мене во Металург, и со нова одбрана ја држеше Португалија на раб на пораз. Да не му испаднеше од рака топката на македонскиот репрезентативец ќе имаа шанса и за победа, и тоа против истиот тим кој вчера ја победи Данска. Македонија играше одбрана која досега никој не ја играл, а за која јас пишувам во книгата. Со неа потполно ги застана браќата Коста и не им дозволија да се разиграат. Затоа Македонија играше поатрактивно. Има два начини на одбрана, 5-1 одбрана од најмодерен тип, и 5-1 која ја игравме пред 20 години“, изјави Червар.

Се вчитува...