Лино Червар се наоѓа пред заминување од македонскиот ракомет, откако денешниот состанок со Зоран Гобац заврши успешно, а првиот човек на хрватскиот ракомет објави дека „нема никаков проблем, туку само Червар сака да има коректен однос кон својот работодавец и институциите во кои работи“. Македонскиот селектор во изјава за хрватскиот портал „24 Сата“ се пожали дека чувствува огромен притисок, најавувајќи дека одлуката конечно ќе ја обелодени во текот на следната седмица.
„Не е лесно, мене ми е најтешко. Морам да признам дека не спијам со денови, знам дека морам да донесам одлука. Во Македонија сум седум години, луѓето одлично ме прифатија, направив големи работи за ракометот во оваа земја. Ситуацијата не ми е лесна, затоа молам за уште малку трпение“ – изјави Червар.
Во меѓувреме, хрватските медиуми веќе го најавија камбекот на Лино, посочувајќи дека се чека само на неговата промоција како кормилар на националниот тим што ќе биде на чело на „коцкестите“ за време на ЕП што ќе се одржи во оваа земја следниот јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА