Червар: Немавме решение за Монпелје, да бидеме подобри со Бешикташ

Во ситуација кога неговиот тим загуби со десет гола разлика на отворањето од новата сезона во Лигата на шампионите, на Лино Червар не му преостана ништо друго оссвен да му честита на поквалитетниот противник за заслужената победа. Воедно, стратегот на Металург напомена дека очекува подобро издание на своите избраници на премиерниот домашен дуел, против Бешикташ следниот викенд.

„Честитки до Монпелје, самиот резултат покажува кој тим бил подобар на теренот. Имаме млада екипа и не можевме да се носиме со Монпелје, домаќините одиграа цврсто во одбраната, а ние немавме решение за нивната зона. Како и да е, се уште верувам дека пред нашиот тим е добра иднина и се надевам дека ќе играме многу подобро против Бешикташ“ – изјави Червар на прес-конференцијата по натпреварот.

Сличен коментар даде и десниот бек на „металурзите“, младинскиот македонски репрезентативец Мартин Велковски.

Тие беа подобри од нас. Во првото полувреме ни создадоа огромни проблеми со брзата игра, се поправивме во вториот дел, но во секој случај беше многу тешко да се игра против овој одличен состав на Монпелје“ – истакна Велковски.

Се вчитува...