Лино Червар донесе уште една изненадувачка одлука на еден ден пред почетокот на СП 2017, откако го избриша Никола Митревски од списокот за утрешниот дуел со Тунис. Македонскиот селектор вечерва пред Техничкиот состанок ги објави имињата на тројцата ракометари на чии услуги нема да смета за пресметката со Тунис, а изненадувачки прв од тројцата беше токму Митревски.
Голманот на Бенфика не се најде на скратениот список на Червар, но потоа беше дополнително повикан, по што се очекуваше тој да биде и стартен чувар на мрежата на Македонија на овој мундијал. Сепак, хрватскиот стручњак очигледно има сосема поинакви планови, па така реши да го испрати долгогодишниот репрезентативец на трибините, па против Тунис мрежата на нашиот гол ќе ја бранат Кирил Колев и Благојче Трајковски.
Покрај Митревски, од списокот за настап на утрешниот прв натпревар во Мец отпаднаа и пивотот Жарко Пешевски и бекот Ристо Арнаудовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА