ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Покрај очајната форма на неговата репрезентација Лино Червар сега се соочува со нов проблем, откако Дисциплинската комисија при ЕХФ реши да покрене истрага против актуелниот хрватски селектор за неговиот однос во самиот финиш од дуелот со Белорусија. За потсетување, при последниот напад на Белорусија при еден гол разлика Червар го повлече противничкиот крилен ракометар, инцидент што не беше забележан од страна на судиите.
Сепак, по прегледувањето на снимката беше очигледен неспортскиот однос, па иако Червар на прес-конференцијата тврдеше дека станува збор за случаен контакт, ЕХФ реши да покрене истрага против актуелниот стратег на Металург.
ЭТО ПРОСТО ? #CROBLR #ehfeuro2018
Поведение хорватского тренера во время последней атаки белорусов ? pic.twitter.com/G5qMki09zu
— Tribuna.com Беларусь (@goalsby) January 18, 2018
„По инцидентот во последната минута од натпреварот меѓу Хрватска и Белорусија, во кој беше вклучен хрватскиот селектор Лино Червар, беше покрената истрага од страна на Дисциплинската комисија. Веќе се побарани извештаи од официјалните лица и изјави кои ќе бидат доставени до 17 часот. Дополнително преку соопштение до медиумите ќе објавиме каква одлука е донесена од страна на комисијата“ – се вели во соопштението на ЕХФ.
Останува да се види висината на казната, но јасно е дека за ваков престап би требало да следи суспензија од најмалку еден натпревар, а во најлош случај дури и исклучување од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА