Лино Червар јавно ги критикуваше челниците на Хрватската Ракометна Федерација за одлуката да доведат странец за селектор по настапот на ЕП 2024 и смената на Перковац од кормилото на националниот тим.
Дагур Сигурдсон беше најплатен селектор во ракометниот спорт и пред да дојде во Хрватска, но за Червар е огромен проблем што исландскиот стратег ќе заработува 300.000 евра годишно. Во интервју за „Германија Спорт“ поранешниот македонскиот селектор не криеше дека му пречи ваквата одлука, бидејќи тие пари можат да бидат многу подобро искористени во хрватскиот ракомет.
„Ми пречи тоа непочитување што го имаме кон нашите луѓе. Тие луѓе бараат почит, не добиваат, а што би се случило кога би побарале и пари. Ако зборуваме за пари, 300.000 евра годишно е навистина огромна сума, пари од кои може цела сезона да живее нашата прва лига. Гледаме како наши тренери добиваат по 200-300 евра, а се бара од нив целосно да се псоветат, да држат по два тренинзи дневно. Па им се должат по седум-осум плати, јас сум жив сведок како во Загреб работев иако ми беа должени десет плати. За странците се наоѓаат пари, за хрватските тренери тоа оди потешко. Ми пречи и што беше направен онаков дочек за Никола Карабатиќ пред мечот со ПСЖ. Немам ништо против Никола, но зарем низ овие дваесетина години хрватски ракометари не заслужиле нешто слично. Говорам за Балиќ, за Метличиќ… кои не добија респект каков што доби Карабатиќ во нашата земја“, изјави Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА