Македонија и на четвртиот натпревар од Светското Првенство во Франција ќе настапи со непроменет состав, одлучи Лино Черевар по синоќешниот тренинг на нашиот национален тим.
Селекторот Червар по поразот од Словенија најави дека ќе размисли околу евентуални промени во тимот, пред се на голманската позиција, за на крајот сепак да реши повторно да им даде шанса на Колев и на Трајковски.
Не се исклучува можноста Червар да го освежи тимот веќе на утрешниот натпревар против Исланд, кој ќе биде од клучен карактер за освојување на третото место на табелата и избегнување на Франција во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА