Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа шок во „Спаладиум“ во Сплит, откако загуби од Шведска со 31-35 и многу си ги закомпликува шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство. Селекторот Лино Червар вели дека ракометарите малку се залажале по првите две победи, а Шведска победила заслужено, откако го затвори максимално главниот адут на „коцкестите“, Лука Циндриќ.
„Можеби се залажавме со двете победи, иако предуперував дека натпреварот со Исланд не е мерило. Жал ми е за Сплит кој беше одличен организатор. Знаевме дека ќе имаме проблеми во нападот, затоа што на Швеѓаните не можеш да им дадеш брз гол. Тие во ’фатија’ Циндриќ, го закочија, играа густа зона и ни создадоа многу проблеми. Разговарав со ракометарите, но се чини дека првите две победи не залажаа“, изјави Лино Червар по првиот неуспех на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА