Червар: Тешко е … Овде е како да одиме во војна

Хрватската ракометна репрезентација утре против Јапонија ќе го почне настапот на Светското првенство во Египет. Селекторот на „коцкестите“ Лино Червар вели дека најголем проблем е патот до арената каде се играат натпреварите.

„Што да ви кажам за организацијата… Кога одиме на тренинг, гледам шест оклопни возила, како да одием во војна. Многу е сложено. Никогаш не сум бил на вакво натпреварување на кое мораш толку да се снаоѓаш. Не ни е лесно. Тешко е да ви го пренесам тоа, како се чувствуваш, како се плашиш да не се случи нешто лошо. Едвај чекам да почне натпреварот. Се надевам дека спортскиот дел ќе го разбие тоа што се случува надвор од терените“, изјави Червар. 

Светското првенство почна вчера со дуелот меѓу Египет и Чиле во кој лесна победа забележа домаќинот.

Се вчитува...