Металург беше немоќен во првата пресметка со Вардар на стартот од новата сезона. Убедливиот пораз, но уште повеќе бројните технички гршки и безидејноста во нападот на Металург, носат оправдана загриженост кај Лино Червар
„Им честитам на Вардар за победата и им посакувам многу среќа во понатамошните натпревари во СЕХА и во Лигата на шампионите. Одиграа навистина добар меч. Ние се трудевме да ги спречиме колку можеме, но тие играат одлично офанзивен ракомет. Сепак, има позитивни забелешки од оваа средба. Сега треба само да се фокусираме да ги исправиме оние грешки кои се фатални за нас. Се надевам дека до следниот натпревар ќе се ќе биде во ред, и ќе се обидеме да славиме победа Панчево“ – вели Лино Червар.
Следниот натпревар во регионалната СЕХА лига, Металург го игра на 6 септември на гостински терен против Динамо Панчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА