Червар: Циндриќ не е мое ниво, а Металург не ми врати ништо од она што ми го должи

Не завршува вербалната војна меѓу Лино Червар и Лука Циндриќ која почна на светското првенство во Египет. Асот на Барселона изјави дека поради Лино и Металург шест месеци не играл ракомет и неговата кариерара била доведена во прашање.

Червар за храватски „индекс“ му врати на Циндриќ велејќи дека тоа што го кажал е само една обична лага.

„Изјавата на Циндриќ ја доживувам како лага. Него наводно му беше му беше упропастена кариерата? Мене Металург се уште не ме исплати, ми должат многу пари. Не знам дали него му ги вратиле, но знам дека мене ништо не ми дадоа. Циндриќ ја почна цела приказна, а јас не гледам зошто го направи тоа. Го сакам и не се каам за ништо. Некои нови луѓе ме нарекуваат, губитник, но никој не може да ги урне моите резултати. Плукањето не му одговара на честа и не сакам да се вклучам во тоа. На никому не му сметам. ко некому сум му направил нешто поради кое не се чувствува добро, длабоко се извинувам“, изјави Червар. 

Се вчитува...