Червар за Сарачевиќ: Денеска ракометарите се меки, тој беше од челик

Хрватската ракометна јавност се опростува од легендарниот Златко Сарачевиќ, a денеска јавно зборуваше и неговиот голем пријател и поранешниот колега од репрезентацијата, кому легендарниот рамоетар му беше асистент на Европското првенство во 2018 година кој се одржа во Хрватска, Лино Червар.

„Живееше за ракомет. Тој беше алтруист, секогаш подготвен да помогне. Мирен, воздржан, рационален, тој имаше многу добри опсервации. Можеби и овој случај нè поттикнува да размислиме дали имаме вистински однос кон тренерите. Тренерите се потценети и сите се многу гласни кога треба да бидат обвинети за неуспех. Тој сакаше да слуша, но беше рационален знаејќи кога и што да каже. Од нашата соработка, тој ја пренесе одбраната од 5-1 во клубовите, се распраша за тоа и не се срамеше да праша нешто. Можеби имаше медали, но тој секогаш сакаше да прима и да бара информации. Не попушти на негативни емоции, секогаш наоѓаше нешто позитивно“ – изјави Лино Червар.

Притоа легендарниот тренер го спореди Сарачевиќ со играчите од денешницата. Како што вели Червар, Златко е челик во однос на „меките“ ракометари.

„Тој се пензионира малку пред да дојдам јас, остатокот од оние постари играчи беа Голужа, Јовиќ, Келентриќ… Тој гледаше сè. Најмногу го бараше првиот агол со ниски удари кои потешко се бранат. За многумина раката трепереше, но не за него. Кога нешто не одеше, тој ќе се појавеше и ќе постигнеше пет по ред. Денес, многу играчи се „меки“, а тој беше направен од челик, така што ништо не може да го навредиили повреди. Цврст, стабилен, силен“ – додаде Хрватот.

Се вчитува...