Репрезентацијата на Хрватска со 33-28 го победи Катар на подготвителниот натпревар во пресрет на Европското ракометно првенство кое почнува следната недела. Иако резултатот покажува поинаку, Хрватите не одиграа доволно добро според критериумите на селекторот Червар, па тој имаше специфичен коментар на еден од тајм-аутите. Катар речиси во текот на целиот меч имаше предност, а хрватските ракометари во завршните десетина минути го направија пресвртот.
Репрезентацијата на Хрватска во прелиминарната фаза на ЕП во Виена е во група со селекциите на Србија, Црна Гора и на Белорусија. Во вкрстувањето за следната фаза, Хрватите би биле потенцијален противник на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

