Ракометарите на Чешка стигнаа до голем триумф откако на домашен терен славеа над Исланд со 22-17 во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое на стартот на следната година ќе се игра во Германија.
По првите триесет минути кои поминаа во израмнета игра (12-10), Чесите одиграа неверојатно во фазата на одбрана во вториот дел и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до нов триумф во квалификациите.
До шокатна победа стигнаа Фарски Острови кои на домашен терен славеа победа над Романија (28-26) и со тоа влегоа во игра за едно од местата кои водат на еврошампионатот во Германија.
Грција ја совлада и Белгија (24-26) и ја направи интересна борбата за првите две места во групата со Хрватска и Холандија, додека Босна и Херцеговина иако се мачеше во поголемиот дел од натпреварот на крајот успеа да слави над Косово со 22-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

