Чешка ја шокираше Холандија – Уште една репрезентација од групата на Македонија елиминирана од ЕВРО (ВИДЕО)

Чешка ја совлада Холандија со 2-0 во натпревар од осминафиналето на Европското првенство. Веројатно клучниот момент се случи во 55. минута кога Матајс де Лихт направи голема глупост и доби директен црвен картон.

Водство за Чесите од 1-0 донесе Холеш во 68. минута, додеа конечните 2-0 ги постави Патриш Шик во 80. минута.

Интересно е тоа што по вчерашната елиминација на Австрија и Холандија ќе биде елиминирана, репрезентација која беше во групата заедно со Македонија. Останува уште да видиме Украина што ќе направи во мечот против Шведска во вторник.

 

 

Се вчитува...