Младата репрезентација на Чешка ја совлада Италија со резултат од 3-1. Избраниците на Витешлав Лавицка ги изненадија присутните на стадионот во Тичи земајќи го скалпот на фаворитот, воедно и останувајќи во игра за пласман во полуфиналето од овој европски шампионат.
Навивачите и на двете репрезентации сведочеа на едно мирно полувреме, со повеќе тактизирање. Први се заканија „аѕурите“ во 11. минута преку Бернардески, но чешкиот голман фантастично реагираше и ја сочува мрежата. Десетина минути подоцна Мартин Хасек се обиде да го изненади Донарума, но шутот од далечина мина неколку центиметри над голот. Во 24. минута Чешка стигна до првото водство преку капитенот Травник, откако Ругани падна и му остави простор пред голот на младиот чувар на мрежата на Италија, а 23-годишниот плејмејкер лесно реализираше.
Италија можеше да стигне до израмнувачки погодок на почетокот на вториот дел. Бернардески одново се најде во ситуација за гол, но расположениот Лима не дозволуваше славје на Италијаните. Берарди се обиде од слободен удар, одново младиот чешки голман одбрани, а составот на Ди Биаџо стануваше се понервозен на теренот.Чешка можеше да го зголеми водството, но Соцек беше непрецизен пред голот. Во 70. минута Италија успеа да израмни, Доменико Берарди ја смести топката во голот со глава од втор обид. Од 79. минута следуваше тотално декласирање на тимот на Италија. Прво Хавлик ги израдува чешките фанови, а Луфтнер само шест минути подоцна со упатена „бомба“ кон голот на Донарума ги постави конечните 3-1.
U21 Czech Republic 3-1 U21 Italy | All Goal… by TM-Entertainment
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА