Чешка ќе биде сериозно ослабена за претстојниот европски шампионат откако денеска учеството на Евробаскет 2025 го откажа најдобриот кошаркар на оваа селекција, Томас Саторански.
Одличниот плејмејкер се мачеше со повреда на грбот што не можеше да биде санирана навреме, па тој денеска и официјално објави дека нема да може да настапи на ЕП.
„Морав да донесам тешка одлука што беше многу тешка, оние кои ме познаваат знаат колку ми значи играњето за репрезентацијата и колку сакав и по петти пат да играм на едно европско првенство. Сепак, поради мојата здравствена состојба нема да можам да им помогнам на момците, поради грбот морам подолго да паузирам“, објави Саторански.
Чешка веќе е и без искусниот центар Јан Весели, па се очекува сега целиот товар да падне врз Вит Крејци, бекот кој во НБА-лигата ги брани боите на Атланта хоукс.

Чешка е дел од групата А на Евробаскет 2025 заедно со домаќинот Летонија, како и со селекциите на Србија, Турција, Португалија и Естонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

