Селекцијата на Чешка се пласираше на Светското првенство, откако после пенали со 3-2 ја совладаа селекцијата на Данска.
После 90 минути беше 1-1, а потоа се замина кон продолженија. Таму Чешка прва поведе на 2-1 со голот на Крејчи во 100 минута, а потоа Хог во 111 минута израмни, по што се премина кон шутирање на пенали.
Хојлунд промаши во првата серија, ја погоди пречката, а Чори го претовир пеналот во гол. Ериксен во втората серија беше крајно прецизен, а исто и Соучек за ново водство на Чесите.
Голманот на Чешка Ковач го одбрани ударот на Дрејер во третата серија, но врати со иста мера и Крејчи, и тој промаши по што Данска остана во игра. Данска и во четвртата серија не реализираше, Јенсен шутираше над голот.
Така Садилек доби можност да ја однесе Чешка на Мундијал, и успеа во тоа по што ривалот на Македонија во полуфиналето не успеа да се пласира на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

