И натаму останува непознато каде ќе гостува Македонија, дали во Даблин или во Прага, откако Чешка и Република Ирска одиграа 2-2 во регуларниот дел од натпреварот.
Ирците може да жалат што не обезбедија финален бараж, откако прокоцкаа предносто д два гола во првиот дел.
Перот од пенал во 19. минута донесе предност, а потоа автоголот на голманот Ковар донесе предност на Ирците од 0-2 во 23. минута.
Во 27. минута Шик успеа да намали од пенал, а во 86. минута Крејчи да ја одржи Чешка во живот за пласман на Мундијалот оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

