Чешката влада објави дека им забранува на сите спортисти кои ја претставуваат Русија да учествуваат на локални натпревари во Чешка.
Во исто време, според оваа одлука донесена на барање на чешките спортски федерации, спортистите и тимовите што ја претставуваат Чешка не треба да учествуваат на натпреварите што се одржуваат во Русија.
Сегашната забрана се однесува на сите спортови и на сите спортисти кои се натпреваруваат под руско и чешко знаме. Владата не прецизираше дали оваа одлука се однесува и на белоруските спортисти.
Чешкиот олимписки комитет претходно оваа година објави дека е против учеството на руски и белоруски спортисти на Олимписките игри во Париз во 2024 година под неутрално знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

