Во близината на Крушево вчера загинал чешки параглајдерист. Од МВР информираат дека на 29 јули, околу 13.40 часот во местото „Две чешми“ во непосредна близина на Крушево, од страна на спасувачка екипа пронајден е починат Ј.В. (51) од Република Чешка. Тој околу 13 часот од Мечкин камен во Крушево полетал со параглајдер и додека управувал се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал на местото.
Ј.В. бил член на чешка аматерска асоцијација за летање, а смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА