Ракометарите на Тинекс Пролет синоќа пристигнаа во Карвина каде викендов ги очекуваат двата натпревари против Баник Карвина во втората рунда од ЕХФ Купот. Тренерот Никола Матлиески денеска го одржа и завршниот тренинг пред утрешниот прв меч против чешкиот тим. Пролет е комплетен и подготвен да одговори позитивно на предизвикот во првиот настап на европска сцена во оваа сезона.
Поразот од Бутел во последниот натпревар во домашната Супер лига дополнителни ги мобилизира и ракометарите и стручниот штаб да ги корегираат грешките и подготвени да излезат на мегдан со Баник Карвина. Двата тима се договорија и двата натпревари да ги играат на теренот на Баник што му дава извесна предност на чешкиот состав во кој се надеваат дека со поддршка на публиката ќе успеат да обезбедат пласман во следната рунда од ЕХФ Купот.
„ Настапот во ЕХФ Купот е голем рпедизвик за нашиот ти и за нашите фанови. За многу наши млади играчи ова ќе биде премиера во европските купови. Нервозата и стресот почнуваат да работа, но тоа е нормално во вакви ситуации. Македонците посл ждрепката не означија како најприфатлив противник кој може да го добијат и затоа се согласија двата натпревари да ги играат на наш терен. Ова не става малку во позиција на аутсајдер, што во овој случај го гледам како наша предност. Ќе се потрудиме да го направиме македонското патување до Карвина неуспешно. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи и ќе играме во одлична атмосфера“ – изјави средниот бек на Баник, 40-годишниот Михал Бруна кој е најискусен во чешкиот тим.
Првиот натпревар неѓу Баник Карвина и Тинекс Пролет се игра утре со почеток во 18 часот, а реваншот е в недела во 10.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА