Младата репрезентација на Македонија активно ги продолжува подготовките за четвртиот свој натпревар од квалификациите за ЕП 2019, против Австрија на 14. ноември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
По претходните два порази, посебно оној шокирачкиот од Гибралтар, избраниците на Благоја Милевски без сомнение силно се носени од желбата за поправање на впечатокот.
„Потребна ни е брза рехабилитација по оној пораз од Гибралтар. Токму затоа е желбата за триумф против Австрија како и би покажале дека тој пораз беше само еден лош ден за нас. Јасно е дека Австрија е тежок противник, силна селекција, но ние имаме огромен мотив да дојдеме до трите бода. Верувам дека доколку секој од нас ги исполни обврските зададени од стручниот штаб нема да имаме проблем да дојдеме до посакуваниот резултат“ – вели дефанзивецот Чешмеџиев.
Младата селекција од денеска ќе биде дополнета и со тројца фудбалери кои изминативе денови настапуваза У19 репрезентацијата, Елиф Елмас, Димитар Митровски и Тодор Тодороски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА