Константин Чешмеџиев од денеска и официјално е нов член на Вележ, откако потпиша двогодишен договор со прволигашот од БиХ. Дефанзивецот во последните две сезони го носеше дресот на Шкендија, а по заминувањето од тетовскиот клуб одби неколку понуди од Македонија решавајќи се за интернационален предизвик во кариерата.
„Од татко ми и од дедо ми разбрав дека Вележ бил сериозен клуб уште во поранешна Југославија. Тоа е клуб со богата традиција и со добри навивачи, знам дека претходно овде настапуваше и Македонецот Коста Манев. Цел е да се избори излез во Европа, верувам дека ќе успееме во тоа“, изјави Чешмеџиев, кој по лекарските прегледи ќе се приклучи на подготовките во новиот клуб.
Овој 24-годишен фудбалер претходно во кариерата има настапувано и за Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП, Академија Пандев и за Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

