Чешмеџиев замина од Радник Бијељина, пред „кам-бек“ во Работнички!?

Костадин Чешмеџиев не е повеќе дел од тимот на Радник Бијељина. Стоперот на почетокто на оваа година го напушта клубот, за кого во актуелната полусезона одигра само шест натпревари, и запиша една асистенција. Токму малата минутажа е причината што дефанзивецот си заминува од тимот.

Тој дојде во овој клуб во текот на месец јули, и остана само шест месеци. Во минатото беше дел од Гостивар, Хаџер, Влазнија, Славија Софија, а мина и во Вележ, Шкупи, АП Брера, Шкендија, Македонија ЃП, Пелистер и Работнички. Тој е поранешен младински репрезентативец.

Според информациите до кои дојде „Екипа“, тој најверојатно ќе се врати во Работнички, каде настапуваше во младинските категории на овој тим.

Се вчитува...