Чесите го запреа фудбалот

Зголемениот број на позитивни случаи на коронавирус во Чешка, дури 43.000 од почетокот на месец октомври, придонесе Владата во оваа земја да се реши за радикални чекори во борбата против Covid-19.

Од утре па се до крајот на месец ноември престануваат со работа училиштата и рестораните, додека најмалку две седмици е ставен во мирување и фудбалот. Натпреварите од фудбалските лиги во Чешка нема да се играат до крајот на месец октомври, по што ќе биде донесена и нова одлука што ќе биде на дело до крајот на 2020 година.

Чешките клубови во Лигата на Европа ќе можат да ги играат домашните натпревари на своите стадиони, но без присуство на публика.

Се вчитува...