Чесите не отпатуваа за Будимпешта поради проблеми со авионот (ФОТО)

Репрезентацијата на Чешка не отпатува за Будимпешта каде треба утре да го одигра осминафиналниот меч против Холандија, поради проблеми со авионот. Проблемот настанал пред полетувањето кога случајно се отворила гумената скала за итни случаи.

„Сум доживеал одложување на летови, нивно презакажување па дури и откажување. Но, да се одложи лет поради гумената скала за итни случаи досега не сум доживеал“, напиша на твитер репрезентативецот на Чешка, Алекс Крал. 

 

Се вчитува...