Чесите не престануваат: Ракометниот свет ја „форсираше“ Македонија, ама џабе!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

И ден по тензичниот меѓусебен натпревар, репрезентативците на Чешка не престануваат со провокативните прозивки за македонските ракометари.

Ниту славјето на триумфот не им е доволно на Чесите, па најдобриот нивни поединец Павел Хорак повеќе се занимава со Македонија отколку со нив самите. Хорак ја прозива и ЕХФ за која вели дека ја форсирала Македонија на првенството, а сакала да и даде и последна шанса со одлуката да има пенал по крајот на мечот. Притоа заборавајќи, дека ете истите тие судии и не го признаа голот на Манасков, кој лесно можеше и мораше да биде прифатен…

„Ние извојувавме двојна победа. И на терен, и на маса, посебно по тоа што се случи на крајот. Очигледен е фактот дека ракометниот свет ја форсираше Македонија, и сакаше да и даде последна шанса и преку тој пенал. Но залудно… Ние добивме награда за нашата огромна борба на терен. Затоа оваа победа ни е толку важна, затоа што се боревме и против некои други фактори“ – вели Хорак.

 

Се вчитува...