Последното тестирање на чешката ракометна репрезентација покажало позитивни резултати кај дури 17 играчи, по што била донесена одлуката оваа селекција воопшто да не патува на СП 2021, со што Чесите остворија простор Македонија како прва резерва да отпатува за Каиро.
Ова во изјава за чешките медиуми вечерва го откри претседателот на федерацијата, Јарослав Швални, обелоденувајќи дека Чесите немале ниту здрави тренери кои би ја воделе репрезентацијата.
„Веќе немавме време, а ситуацијата станауваше се полоша. Имавме план да пратиме 21 ракометар за Египет, од нив дури 17 беа позитивни на коронавирус. Зборувавме со лекарите, постоеше можност дури и кај оние што денеска беа негативни во следните денови да се појават симптоми. Решивме дека не смееме да ризикуваме со здравјето, со реномето, уште повеќе бидејќи немавме ниту тренери, откако позитивен беше и селекторот на јуниорската репрезентација, по целокупниот стручен штаб кои од претходно беше недостапен“, истакна Швални.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА