Чесите се уште се заробени на Фарски острови

Чешка фудбалска репрезентација живее вистинска ноќна мора. По шокантниот пораз против Фарските Острови (2-1), кој дефинитивно ги остави без шанси за директно пласирање на Светското првенство, тие добија уште еден болен удар.

Иако сакаа што поскоро да ја напуштат малата земја, која и припаѓа на Данска, густата магла и лошите временски услови го спречија нивното планирано враќање во Чешка.

Авионот требаше да полета во понеделник, во 11 часот наутро, но не пристигна на Фарските Острови. Пилотот не можеше безбедно да се приближи до кратката писта, па се врати во Осло.

Бидејќи летот до норвешката престолнина трае околу час и половина, а потребно е дополнително време за полнење гориво, брзо стана јасно дека чешката репрезентација ќе биде „заробена“ на Фарските Острови некое време.

Друг авион наменет за партнери и спонзори на репрезентацијата, исто така, остана на земја. Летот беше одложен, а сите патници беа вратени во хотелот до вторник. Само Лукас Хорничек и Томас Соучек успеаја да ги напуштат Фарските Острови бидејќи имаа летови до своите клубови во понеделник наутро.

По враќањето во Прага, работна група предводена од претседателот на Чешката федерација ќе се состане и ќе одлучи за судбината на тренерот Иван Хашек, кој трпи жестоки критики, а навивачите бараат негово отпуштање.

Се вчитува...