Емил Рајковиќ ќе ја има честа да го предводи тимот на играчи од „новото школо“ во ВТБ -лигата на олстар натпреварот во регионалното натпреварување. Признание што е апсолутно заслужено за македонскиот стратег, ако се знае дека под негово водство ЦСКА има неверојатен скор од 24 победи и ниту еден пораз во ВТБ, нов рекорд во ова натпреварување.
„Благодарност до ВТБ-лигата. Ајде да направиме убаво шоу“, објави Рајковиќ на својот профил на фејсбук, потврдувајќи ја веста дека токму тој е избран за овој кошаркарски спектакл.
Македонскиот стратег во својот тим ќе го има и нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој избори место во тимот на „новото школо“ по одличните игри што ги прикажа во дресот на Уникс Казањ.
Ривал на Рајковиќ од спротивната страна ќе биде токму тренерот на Уникс, Велимир Перасовиќ, кој ќе ја предводи „старата школа на играчи“ предводена од ѕвездата на ЦСКА Москва, Алексеј Швед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА