Четворица фудбалери на Дрита добија кривични пријави од МВР

Бурниот дуел од Втората лига – Запад помеѓу Дрита и Гостивар заврши со четири кривични пријави за фудалерите на домашниот тим, објави Министерството за Внатрешни Работни. МВР ќе ги гони Г.Б, Н.М, Н.М. и Б.А за физични напад кон колегите од таборот на Гостивар.

Случајот доби и кулминација со суспензија од фудбалот за претставникот на Дрита, Сафет Мифтари во времетраење од еден месец, а клубот ќе треба да плати и парична казна.

„На 27.03.2021, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Дрита“ од с.Боговиње и ФК „Гостивар“ од Гостивар, на фудбалското игралиште во с.Боговиње, Г.Б., Н.М., Н.М. и Б.А., фудбалери на ФК „Дрита“, физички ги нападнале играчот од ФК „Гостивар“, Х.Л.(26) и членот на ФК „Гостивар“ Н.С.(40), додека С.М. како организатор, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија согласно одлуката на Владата, односно  дозволил публика на трибините на стадионот, иако од полициски службеници од Полициското одделение Камењане бил предупреден при пријавување на натпреварот“, стои во соопштението на МВР.

 

Се вчитува...