Манчестер Сити ја освои и четвртата последователна титула во Премиерлигата по тирумфот над Вест Хем Јунајтед во последното коло од овогодинешното издание на најсилното англиско фудбалско првенство.
По крајот на натпреварот на теренот следеше и големо славје заедно со навивачите, а на фудбалерите им беа доделени и златните медали. Вкупно 25 фудбалери на Манчестер Сити имаа учество во новата шампионска сезона на тимот, но четири од нив нема да добијат медал. Тоа се Кол Палмер, Емерик Лапорте, Џејмс Мекати и Калвин Филипс.
Според правилата медали добиваат фудбалери кои настапиле на повеќе од пет натпревари во сезоната, а тоа не е случајот со овие четворица.
Палмер настапи на само еден натпревар пред да биде продаден на Челси, исто како и Лапорт кој премина во Ал Наср и Мекати кој се пресели на позајмица во Шефилд Јунајтед, додека најмногу може да жали Филипс кој настапи на четири средби пред да биде позајмен на Вест Хем Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА