Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузе и Лајпциг со неверојатен гест ги спасуваат помалите клубови во Бундеслигата.
Овие четири клуба основаа фонд во кој заеднички уплатија 20 милиони евра со што помалите клубови треба да се спасат од финансиски губитоци. Моќната четворка се откажа од дел од парите од ТВ права и плус подарија уште неколку милиони од своите благајни. Парите ќе бидат проследени до Сојузот кој ќе распредели по клубовите.
Германскиот сојуз од претходно има резервна залиха од 45 милиони евра од ТВ права на која сите клубови имаат право, но големата четворка се откажа од тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА