Европската куќа на фудбалот УЕФА, го казни фудбалерот на ЦСКА Софија Георги Јомов со четиригодишна суспензија. Ова го тврдат бугарските медиуми од избори блиски од клубот. Решението наводно веќе стигнало во таборот на „армијците“.
Крилниот фудбалер е суспндиран од 25. август, откако УЕФА излезе со соопштение дека во неговото тело се најдени недозволени супстанци, откако му биле земени примероци од урина после натпреварот со Македонија ЃП во Софија одигран на 28. јули, во меч во кој постигна и гол. Станува збор за недосволина супстанца дехидрохлометилтестостерон.
Овој препарат е стопиран во продажба уште во 90-тите години на минатиот век, а во некои земји и порано. Може да се купи само на црниот пазар. Овој факт ја порази одбраната на Јомов која тврдеше дека супстанцата случајно влегла во неговото тело.
Самиот фудбалер има право на жалба на оваа одлука, но дефинитивно 25-годишниот играчот го чека долга пауза од терените и големи чекори назад во кариерата. Тој играше во минатото и за Славија Софија, а беше и повремен бугарски репрезентативец. За селекцијата одигра 10 натпревари и постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА