Поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федерација и потпретседател на ФИФА, Жозе Марија Марин, осуден е на четири години затвор. Судот во Њујорк го прогласи за виновен 86-гогишниот Марин, за примање поткуп и за перење пари.
Покрај затворската казна, поранешниот прв човек на бразилскиот фудбал треба да плати и парична казна од 1.2 милиони долари и да ја варти сумата од 3.3 милиони долари што ги присвоил незаконски.
Бразилецот беше уапсен во 2015 година во рамките на масовната истрага за корупција во ФИФА. Марин беше на чело на Бразилската фудбалска федерација од март 2012 до април 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА