Четири гола и црвен картон во ремито меѓу Брајтон и Нотингем (ВИДЕО)

Неверојатно интересен натпревар одиграа Брајтон и Нотингем во првиот натпревар од денешната програма од 6. коло во англиската Премиерлига. На крај мечот заврши без победник 2-2.

Гостите преку Вуд од пенал во 13. минута дојдоа до водство од 0-1. До крајот на првиот дел домаќините направија целосен пресврт (2-1) со головите Хиншелвуд во 42. минута и Дени Велбек во 45. минута.

Конечните 2-2 беа дело на Соса во 70. минута. Во финишот Гибс-Вајт доби втор жолт картон во таборот на гостите, каде поцрвене и нивниот тренер Нуно Еспирот Санто поради приговор.

Brighton 2 – [2] Nottingham Forest – Ramon Sosa 70‎'‎
byu/diogovin insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...