Холгар Гландорф со погодок на пет седунди пред крај му донесе бод на Фленсбург во дуелот со Веспрем 31-31 од групата Б во Лигата на шампионите. Унгарскиот и германскиот тим остануваат на втората и на третата позиција во групата со по 16 бода, шест помалку од ПСЖ на првата позиција.
Веспрем на 40 секунди пред крај имаше еден гол предност и нпаад за победа, но избраниците на Љубомир Врањеш не ја искористија шансата и останаа без победа во овоиј изедначен и до ркај неизвесен дуел. Гландорф беше прецизен во завршните секунди и со петтиот погодок го спаси Фленсбург од пораз.
Четворица ракометари на Фленсбург – Гландорф, Сван, Ван, и Мае постигнаа по пет гола. Кај Весперем по пет погодоци запишаа Драган Гајиќ и Гашпер Маргуч, а Дејан Манасков и Момир Илиќ заврѓија со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА