Четири гола за 14 минути: Струга ТЛ и Балкани одиграа 2-2

Македонскиот шампион Струга ТЛ во првиот пријателски натпревар на летните подготовки, одигра нерешено 2-2 против косовски Блакани.

Стружани губеа после само четири минути игра со 0-2, но успеаја многу брзо да ја стигнат таа разлика, односно во 8. и во 14. минута погодија за 2-2, резултат кој беше актуелен и на полувремето, и на крајот од мечот.

Следните контролни натпревари на стружани се против Тирана и Партизани во Подградец. Струга се подготвува за настап во ЛШ и дуел против Жалгирис во 1. квалификациско коло.

Се вчитува...