Јапонија и Сенегал ремизираа 2-2 во интересен дуел од групата Х и сега двете селекции имаат по четири освоени бода во пресрет на последното коло од овој сегмент на Мундијалот. Ремито направи дополнителен притисок за селекциите на Полска и на Колумбија кои се без бодови, а вечерва ќе ги одмерат силите меѓусебе на „Казан Арена“.
Сенегал двапати имаше водство на овој меч. Садио Мане донесе предност за својата репрезентација, но Такаши Инуи успеа да израмни во 34.минута.
Муса Вагуе во 71.минута повторно го доведе Сенегал во водство и на возраст од 19 години и осум месеци стана најмлад африкански стрелец во историјата на СП. Сепак, искусниот Кеисуки Хонда само седум минути подоцна искористи една грешка во одбраната на противникот и израмни на 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА