Четири голови и реми на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во „Дер Класикер“

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ги поделија бодовите во дербито на 29. коло од Бундеслигата ремизирајќи со 2-2 во супер интересен натпревар.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме следеше вистинска голеада во вторите 45. минути. Се започна со голот на Баиер кој го искористи киксот на Ким за гостинско водство во 48. минута. Гереиро во 65. минута изедначи на 1-1, а само четири минути подоцна Гнабри го комплетираше камбекот за 2-1.

Тоа не беше крај во Минхен бидејќи бод за гостите донесе Антон совладувајќи го голманот Урбуг во 75. минута.

Се вчитува...