Голманот на Шалке, Алекс Нибел, е казнет со четири меча неиграње за бруталниот старт над Мијат Гачиновиќ за време на саботниот дуел против Ајнтрахт.
Нибел истрча од сопствениот шеснаесетник и брутално го собори противничкиот напаѓач, експресно му беше покажан црвен картон, а покрај суспензијата голманот е казнет и парично, со 12.000 евра. Од раководствотото на Шалке најавија дека нема да поднесат жалба на оваа одлука на „дисциплинците“.
„Ја прифаќаме суспензијата, нема да се жалиме. Како што кажа и самиот Алекс по мечот, најважно е што Гачиновиќ се чувствуваше добро и што нема трајни последици по неговото здравје. Исто така, благодарни сме на спортскиот и пријателски однос од страна на раководството на Ајнтрахт. Во ниту еден момент не упатија ниту едно обвинување на адреса на нашиот голман, иако резултатот не им одеше во полза“, изјави Јохен Шнајдерс од управата на Шалке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА