Четири медали за Македонија од Европското првенство во кураш (ФОТО)

Македонската репрезентација се врати со четири освоени медали од Европското првенство во кураш (спортско борење со појас) за јуниори и сениори, кое изминатиов викенд се одржа во Едрене, Турција.

Македонија се закити со еден сребрен и три бронзени одликувања, на шампионатот на кој учествуваа повеќе од 300 натпреварувачи од 20 европски земји.

Во сениорска конкуренција, Ернад Реџиќ во категоријата до 100 килограми ја освои бронзата.

Во јуниорска конкуренција, пак, Амина Факиќ во категоријата до 60 килограми освои сребрен медал, додека Мусај Беслими (категорија до 55 кг.) и Ахмед Факиќ се закитија со бронзени медали.

Спортското борење кураш е всушност борење со појас. Претставува античка форма на боречки вештини. Противниците се обидуваат да чукнат едни на други на грб на посебен татами. Тие се држат до појасот на противникот и се обидуваат да направат успешен маневар со тропање на курешистот на подот.

Се вчитува...