Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички и МЗТ ќе играат без публика

Комесарот за натпреварување при КФСМ ги одреди казните за случувањата на вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.

Кошаркарот на Работнички, Квентон Декози, кој влезе во конфликт, а потоа и го удри во лицето Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје  е суспендиран на четири меча, а покрај тоа ќе плати и парична казна од 25.000 денари.

Работнички следните два меча ќе ги игра пред празни трибини, а  ќе плати и парична казна од 69.000 денари. МЗТ Скопје исто така еден меч ќе биде без публика, поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи во „Кале“. Актуелниот шампион ќе плати и 28.000 денари парична казна.

Се вчитува...