Ракометарите на Барселона остануваат перфектни и по четири одиграни натпревари во Лигата на Шампионите. Каталонците овој пат се радуваа на победа од 30-46 на гостувањето во Норвешка кај Елверум во натпревар во кој имаа целосна контрола.
Шпанскиот состав беше подобриот противник од самото отварање на натпреварот и рано стигна до предност од шест гола (6-12), а продолжи да игра одлично во нападот за позитива од 15-23 на полувремето. Текот на мечот не се промени ни во текот на второто полувреме во кое каталонците стигнаа и до двоцифрена преднсот и не дозволија домаќините ниту да се надеваат на враќање на неизвеноста.
Jornada 4️⃣ @ehfcl
@ElverumHandball 3⃣0⃣@FCBhandbol 4⃣6⃣
FINAL
📺 @esport3 & @DAZN_ES
🏠 Hakons Hall
🔵🔴 #ForçaBarça pic.twitter.com/uulTrXAdj2— Barça Handbol (@FCBhandbol) October 6, 2022
Магдебург им се врати на победите откако славеше на домашен терен против Висла Плок со 33-27, додека на триумф се радуваа и ракометарите на Алборг кои го добија гостувањето во Унгарија против Сегед со 29-41, продолжувајќи ја агонијата на унгарскиот состав кој сеуште нема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА